Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Кое лицемерие, СДСМ кои ја зголемија цената на струја за 50% и го зголемија ДДВ на прехранбените производи, бараат намалување или укинување на истото

Лицемерна е лажната грижа за СДС и на Венко Филипче за животот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лицемерна е лажната грижа за СДС и на Венко Филипче за животот и стандардот на граѓаните.

Оние кои ја зголемија цената на електричната енергија од 50% уништувајќи го енергетскиот сектор и колабирајќи ги енергетските претпријатија, сега од опозиција лажно и лицемерно предлага некакви мерки.

СДС на власт седум години системски го уништи и ограби енергетскиот сектор преку наместените тендери во РЕК Битола, ТЕЦ Неготино и Осломеј. ЕСМ која во 2027 го преземаа со 20 милиони евра профит на сметка, во 2024 го оставија со минус од 80 милиони евра по разни основи.

Реклама

Сега СДС и Венко Филипче бесрамно бараат намалување на ДДВ-то на електричната енергија.

СДС се тие коишто го покачија и ДДВ на прехранбените производи од 5% на 10%, за сега лицемерно да бараат негово укинување.

Колку СДС се загрижени за животниот стандард на граѓаните се гледа и по тоа што за време на нивното седумгодишно владеење над пола милион граѓани ги донесоа на прагот на сиромаштија кои денот го поминуваа со по 150 денари.

И грижата за реформите и довербата на граѓаните во правосудството на СДС и Филипче, е исто така лажна и лицемерна, затоа што во нивно владеење судиите и обвинителите се бираа во Струмица и во Зајас.

Токму ова доведе и губење на довербата на граѓаните во правосудството којашто изнесуваше мизерни 2%.

Маката на СДС и Венко Филипче е една, грчевито се борат и посакуваат во правосудството да останат нивните инсталирани кадри кои за цело ова време се ставија во служба на нивна заштита.

Но СДС и Венко Филипче треба да знаат дека процесот на реформи во правосудството започна и во него нема да има место за компромитираните и корумпирани ликови кои се бирани по партиска директива од Струмица.

Реакција на соопштение на СДСМ