Реклама

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да си поднесе оставка, со секој изминат ден на позицијата ја компромитира правдата во служба на СДСМ и ДУИ

Со секој изминат ден Коцевски ја бетонира позицијата партиски извршител на СДСМ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со секој изминат ден Коцевски ја бетонира позицијата партиски извршител на СДСМ и ДУИ наместо да биде независен орган во служба на правдата. Со негласањето на интерпелацијата во Собранието СДСМ покажа кого го гледа како чувар од кривична одговорност за своите партиски функционери. На обвинителската маса на Коцевски наместо правда, има партиски список за заштита од одговорност на функционерите на СДСМ и ДУИ, велат во париското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Пред очите на целокупната јавност се потврди причината зошто не се отвораат предмети, не се покренуваат обвиненија и покрај очигледните сомнежи за корупција и криминал и зошто предметите се кријат во фиока или заглавуваат низ обвинителските лавиринти.

Кај Коцевски не постои морална вертикала ниту пак професионална одговорност за самиот да си поднесе оставка.

Реклама

Коцевски не реагира на фактот што довербата кај народот е помалку од 2 проценти, ниту пак дека му е изгласана интерпелација во Собранието. Коцевски ја држи во заложништво правдата и владеењето на правото во државата.

Со што се задолжи толку Коцевски кај СДСМ и ДУИ што и покрај недовербата кај народот и интерпелацијата не поднесува оставка?

Обвинителската служба на Коцевски одамна не е инструмент на правдата, туку е гарант за удобен имунитет за сите блиски до Филипче, Заев и сличните.

Коцевски не смее да даде оставка бидејќи сега им е најпотребен на СДСМ и ДУИ, им треба, за да им обезбеди правна хибернација на тие од врвот на СДСМ што сега уживаат во мирно политичко пензионирање наместо да се во судските сали.

Коцевски не дава оставка бидејќи ги чува предметите за СДСМ и ДУИ да фаќаат прашина.

Обвинителот кој штити политичари треба да си замине од позицијата, се вели во соопштението на партијата.