Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Коцевски да ја прими пораката на Собрание и да поднесе оставка, народот сака обвинител кој ќе гони

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: „Откако за седум години власт СДСМ го наполни судско…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

„Откако за седум години власт СДСМ го наполни судско обвинителскиот систем со свои послушни луѓе, сега до последно се обидува нив да ги задржи на позициите.

Наспроти волјата на мнозинството пратеници во македонското Собрание, а со тоа и против волјата на граѓаните, пратениците на СДСМ не гласаа за интерпелацијата за главниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски.

Реклама

Иако судство обвинителската власт нема ниту 2% доверба од граѓаните, СДСМ не гледа за сходно за се вклучи во промените за подобрување на состојбите и враќање на довербата.

Оној кого го обвинуваа дека не ја води како што треба истрагата за трагедијата за Кочани, дека селективно постапува, сега СДСМ јавно го поддржува и вели дека добро си ја работел работата.

Оттука е јасно дека Кочани им служеше само како тема за појавување во јавноста, за дневно држење прес-конференции и за политички поени.

СДСМ се уште се во коалиција со ДУИ и тоа се виде во Собранието, кога пратениците од двете партии се ставија на штитот во одбрана на Коцевски.

Од друга страна, пак, на цела македонска јавност и стана јасно зошто ниту еден човек од поранешната владина гарнитура, и покрај основаните сомненија и обвиненија за сторен криминал и корупција, не е во затвор.

Затоа СДСМ и ДУИ се штитникот на Коцевски, зашто што и тој, во континуитет, ги штити нивните криминалци.

На Венко Филипче, Зоран Заев, секако и Али Ахмети со целата негова фамилија не им фали влакно на косата и се слободни граѓани, токму поради тоа што нивниот криминал го штити Коцевски.

СДСМ и ДУИ се сламката за спас на Коцевски, но и тој за нив и за нивните криминали и криминалци.

Затоа и Коцевски не смее да писне по нивната порака, со доза и на закана, или е со штитот или на него, па и по изгласана недоверба, не си поднесува оставка.

Но, сепак, го повикуваме Коцевски барем еднаш да покаже доблест, да ја прими пораката на Собрание во која е пресликана порака и волјата на граѓаните, и час поскоро да поднесе оставка.

Народот сака доблесен обвинител во служба и интерес на граѓаните и државата, кој го гони криминалот, а не заштитник на криминалците на СДСМ и ДУИ.“