Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДСМ – ДУИ донесе ДУП во Тетово со кој на Давидовиќ-Дака му овозможиле бизнис вреден 200 милиони евра

Поврзаноста на Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев со контроверзниот проруски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поврзаноста на Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев со контроверзниот проруски бизнисмен Миодраг Давидовиќ-Дака е неспорна. СДСМ и ДУИ, тогаш како најдобри владини коалициски партнери, делувале заеднички за да му удоволат на Давидовиќ Дака, кој на Заев, според објавените аудиоснимки, му дал 300 илјади денари и земјиште од 2 000 метри квадратни, се наведува во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. 

Таков е и примерот од 2020 година, кога Заев и Ахмети сложно, на само еден ден по изборот на нивната нова влада, во Тетово донесе измени во ДУП со кои директно на прорускиот бизнисмен Дака му се овозможи бизнис од 200 милиони евра.

Јавноста добро го памети овој случај, но уште едно потсетување не е на одмет. Станува збор за просторот на некогашниот гигант ШИК Јелак, кој тогаш е откупен од страна на Миодраг Давидовиќ-Дака преку фирмата „Јелак Градба“.

Реклама

Токму за овој простор криминалната коалиција СДСМ-ДУИ во 2020 година во Тетово донесе нов детален урбанистички план само еден ден по изборот на владата.

Според тогаш усвоениот ДУП, на просторот на некогашниот ШИК Јелак било планирано да никне нова урбана џунгла со над 2000 станбени едници, илјадници метри квадратни деловни простории и трговски центри, во вредност од 200 милиони евра.

Како што граѓаните добро се сеќаваат на овој случај, исто така добро се сеќаваат дека ако не беше ВМРО-ДПМНЕ да го открие и да алармира за овој предмет, заради бизнис-интересите на тогашната власт на Заев и Ахмети, на местото на некогашниот гигант во Тетово ќе никнеше планираната бетонска џунгла со над 2000 станбени единици.

Оттука може да се види дека голема е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ се бори против криминалот и корупцијата, додека СДСМ се корупцијата и криминалот.