Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите, потпишан од Славјанка Петровска

Венко Филипче излезе со сериозни јавни наводи во врска со набавката на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче излезе со сериозни јавни наводи во врска со набавката на хеликоптери и договорот што, според неговата изјава, бил потпишан од Славјанка Петровска, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче јавно изјави дека Петровска „потпишала за 37 милиони евра поскап договор за набавка на хеликоптери, откако комисијата донела друга одлука“.

Ова се сериозни наводи кои не смеат да останат само на ниво на партиски пресметки. Доколку постојат сознанија за неправилности или евентуално противзаконско постапување при набавката, надлежните институции мора да ги проверат.

Реклама

Затоа го повикуваме Јавното обвинителство да ги разгледа јавно изнесените наводи и обвинувања на пратеникот и претседател на СДСM, Венко Филипче за евентуален сторен криминал од пратеничката на СДСM и поранешна министерка за одбрана, Славјанка Петровска.

Ваков скандал, обелоденет од Филипче, токму за пратеничката од неговата пратеничка група на СДСM, не смее да биде игнориран од надлежните институции и истражните органи.

Истовремено, го повикуваме Филипче целосно да ги обелодени информациите со кои располага, за овој и за други случаи, и истите да ги достави до надлежните институции, а ние сме тука да му помогнеме и да бараме од ЈО, по допрен глас, да реагира и да преземе мерки за расчистување на случајот.

Јавните обвинувања за криминални договори вредни, како што самиот Филипче рече, 37 милиони евра не смеат да бидат средство за меѓупартиски пресметки, туку тие мора да добијат институционална проверка и одговор пред јавноста.

Добро е што Филипче се охрабри и почна да зборува за огрешените пред законот од таборот на СДСM и го поддржуваме и поттикнуваме да каже се што знае за криминалот на Петровска тежок 37 милиони евра.

ЈО итно да постапи и да отвори предмет, зошто правда и одговорност за овој криминал мора да има.