Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Хистеријата на Левица е режирано сценарио со ДУИ и СДС

Секогаш кога рејтингот на Левица е во пад, како што е во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секогаш кога рејтингот на Левица е во пад, како што е во моментов, на сите последни анкети, тогаш се договараат сценарија, заедно со ДУИ и СДС, меѓусебно да си помогнат, бидејќи тоа им одговара на сите страни, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зошто Левица, вака не направи, за други, далеку поважни теми, отколку измени, на деловник за работа на Собрание, кои се прават често во Собранието.

Веројатно Апасиев, утре ќе скока и ќе прават сцени, за да бидат забележани, за политички поени, за тоа дека не им се допаѓала фарбата на собраниските зидови, додека молчеше за францускиот предлог и за случајот онкологија во собранието.

Реклама

Хистеријата што ја демонстрираат, укажува на тоа колку нестабилни се овие личности и колку се ризични, штетни и непредвидливи сами за себе и за државата.

Среќа што државата нема нуклеарно оружје, не се сомневаме дека Апасиев би го употребил, онака лефтерно и истовремено афектно, насочувајќи го врз Собранието, кај што сам се наоѓа, чисто да ни покаже, колку тој знае да е опасен, ако во бифето му дадат горко наместо благо кафе.

Власта и Левица, веќе подолг период, се во коалиција, во Советот на Град Скопје, каде заедно ги гласаат сите желби на Данела Арсовска, па очигледно оваа соработка, се пренесе и во Собранието.

Толку е привидно ова сценарио на власта и Левица, што ни Мисовски, ни Талат Џафери, не го повикаа собраниското обезбедување, кога 10 мин некој го крши Собранието.

Граѓаните не сакаат да гледаат вакви комични сценарија, туку сакаат да видат мерки, со кои ќе им се крене животниот стандард, а на тоа ќе работи ВМРО-ДПМНЕ, веднаш по превземањето на власта, стои во соопштението на опозициската партија.