Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Градежништвото со 14,6% раст во четвртиот квартал двигател на економија, капиталните инвестиции клучни и раст на БДП од 3,5% во 2025 година

Македонската економија заздравува и се движи во добра насока, поставени цели и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската економија заздравува и се движи во добра насока, поставени цели и проекции се остваруваат. Сериозниот пристап и внимателното проектирање и водењето на економските политики ги даваат своите резултати, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ кое МИА го објавува интегрално.

Најновите податоци на Државниот завод за статистика, покажуваат дека минатата година ја завршивме со раст на БДП од 3,5%, додека во четвртото тримесечје растот на економијата изнесува 3,8%.

Растот на економската активност во четвртиот квартал е на широка основа, додека посветеност на Владата за реализација на капиталните инвестиции доведе до силна динамика на растот на градежништвото кој достигна 14,6%, кој се должи на зголемената активност во нискоградбата која забележа реален раст од 12,5% во четвртиот квартал.

Реклама

Висок раст од 8,1% е забележан кај стручните и научни дејности, во трговијата и транспортот 4,4%, 3,6% раст во преработувачката индустрија, 2,7% во дејности со недвижен имот и така натаму.

Позитивно влијание врз економската активност имаше и нето-извозот, така што извозот на стоки и услуги порасна за високи 9,7% на реална основа, додека увозот за 3,3% и ова упатува на понатамошно закрепнување на извозната активност започната од почетокот на годината, по намалувањето во изминатите години.

Од друга страна, поддржана од растот на платите, приватната потрошувачка остана стабилна со реален раст од 2%.

Овие бројки не се обични проценти, туку истите се јасни показатели кои претставуваат потврда за добро планираните и спроведени политики кои доведоа до позитивните економски движења во земјата.

Исто така, покажуваат континуитет во остварувањето на позитивни резултати во економијата кои создаваат услови за постигнување повисоки стапки на раст кои ќе доведат до подобар животен стандард.

Од преземањето на одговорноста ВМРО-ДПМНЕ да ја води владата, веќе шест квартали по ред македонската економија бележи позитивен раст на БДП од 3 или над 3%.