Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ го зацементира изборниот триумф, со 55 градоначалници останува неприкосновена на политичката сцена

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја зацврсти својата власт во општините – ова го покажаа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја зацврсти својата власт во општините – ова го покажаа гласовите на избирачите на локалните избори. Со освоени вкупно 55 градоначалници, партијата освои 12 места повеќе од претходните локални избори. СДСМ има 10 градоначалници помалку, односно победи во само 6 општини. ДУИ исто така доживеа пад за седум градоначалници, и од 11, сега имаат само четири градоначалнички места. Вреди освои 9 градоначалници, додека очекувано претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски победи во Куманово. Курто Дудуш од Унија на Роми триумфираше во Шуто Оризари. Единствен независен кандидат кој стана градоначалник е Менди Ќура од Струга, бизнисмен зад кој застанаа ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ, како и мнозинството граѓани кои ја прекинаа доминацијата на ДУИ, односно на црнолисташот Рамиз Мерко.

Уште во првиот изборен круг, беа избрани 33 градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, а во вториот 22. Освен победта на Орце Ѓорѓиевски во Скопје, историски победи ВМРО-ДПМНЕ издвојува и во Кичево и скопски Карпош, општини кои повеќе од една деценија беа во рацете на локални шерифи кои беа синоним за корупција и узурпација на власта. Карпошани пак го потврдија изборот на Сотир Лукровски кој го симна од тронот Стевчо Јакимовски, чие владеење го одбележа бетонизацијата и уништувањето на Карпош, се наоѓа на црната листа на САД, а има и првостепена пресуда од три и пол години затвор поради изградба на административната зграда.

Кичево се обедини во поддршката на лекарот Александар Јовановски, избор кој ги сплоти граѓаните без разлика на етничка припадност за конечно да го симнат од власта Фатмир Дехари од ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ ја слави и победата во Кочани, кадешто граѓаните му дадоа мнозинска поддршка на Влатко Грозданов. Синоним за соживот е и општина Брвеница кадешто нов градоначалник е Јовица Илиевски. Брвеница беше особено интересна овие локални избори бидејќи противкандидатот Хаќим Рамадани од коалицискиот партнер во Владата, ВРЕДИ, повикуваше на етничко гласање, потег кој беше осуден како штетен за меѓуетничките односи во земјата,а гласовите покажаа дека тоа е ставот и на граѓаните од оваа општина.

Реклама

Опозициската СДСМ вчера доби само тројца градоначалници, од кои најголема победа издвојува Горан Герасимовски кој се избори за втор мандат во скопски Центар. СДСМ победи уште во неколку помали општини, Македонска Каменица и Зрновци вчера и Богданци, Кривогаштани и Крива Паланка.

ВРЕДИ го декласираше ДУИ на локалните избори. Победи во некои важни општини како на пример Тетово, кадешто Билал Касами го потврди вториот мандат, во Чаир кадешто Изет Меџити победи во прв круг, исто како и во Сарај и Арачиново. ВРЕДИ има градоначалници и во Боговиње, Дебар, Теарце, Желино и Долнени.

ДУИ пак освои само 4 градоначалнички места и тоа во Студеничани вчера и во првиот круг во Липково, Пласница и Чашка.

Во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше вчера немаше гласање. Причината е недоволниот одѕив на гласачи во првиот круг, поради што ќе се спроведе нова изборна постапка во рок од 60 дена од објавувањето на конечните резултати од Локалните избори.