Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Фрчкоски да му поднесе кривична пријава на Филипче, во чиј мандат како министер околу 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело и граѓаните се труеле

Талогот на СДСМ повторно се појави. Овој пат во ликот на мали…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Талогот на СДСМ повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Јон Фрчкоски од СДСМ.

Се побрза талогот на СДСМ да поднесе кривична пријава за лица кои, како раководители на институции итно преземаа мерки и активности за решавање на проблемот и во рекорден временски рок ги санираат последиците.

Токму поради брзата интервенција на институциите кои ги набројува мали Фрчко, гостиварци веќе извесно време имаат техничка вода во нивните чешми и набрзо ќе имаат и бактериолошки исправна вода за пиење.

Реклама

А во меѓу време, од првиот ден на појавување на проблемот, благодарение на брзата интервенција на Владата, граѓаните на Гостивар се снабдуваат со бесплатна флаширана вода за пиење.

За разлика од сега кога се преземаат мерки, се известуваат граѓаните и проблемот со водата се решава, во периодот на власт на талогот на СДСМ, граѓаните на Гостивар свесно беа оставени бавно да се трујат.

Околу 400 испитувања на водата за пиење во Гостивар периодот на власт на СДСМ, кога Венко Филипче беше министер за здравство покажале неисправна вода за пиење. Резултатите се криеле, граѓаните не биле известени да не ја консумираат и не биле преземени никакви мерки и активности од ниедна институција, ниту на локално, ниту на централно ниво за решавање на проблемот.

Така да, му порачуваме на Фрчкоски да му поднесе кривична пријава на Филипче за системското и свесно труење на граѓаните, а не на овие коишто во рекорден рок го решаваат проблемот и состојбата ја ставаат под контрола.