Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Фирмата од која се запленети 30 тони марихуана работела со пропусти, ЈО да истражи

СДСM, Венко Филипче и Зоран Заев биле и се синоним на криминал…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM, Венко Филипче и Зоран Заев биле и се синоним на криминал и корупција. Нема пора во општеството да не се копне и од таму да не излезат криминалите на Заев и Филипче, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Но, со последните сомнежи и индиции за нелегално производство и трговија со марихуана, дуото Филипче и Заев се надградиле со вмешаноста во наркопазарот.

Филипче гордо фотографиран со поранешниот функционер на СДСM, човек близок до Заев, Тони Котев, вистински сопственик на фирмата Ц„БД медплант“ за медицинска марихуана, која од своите почетоци работи со пропусти.

Реклама

Наспроти тврдењата на Филипче дека додека тој бил министер сè било во ред и дека фирмата работела прописно, информациите што стигнаа до нас го говорат спротивното. Односно, за да се складираат 30 тони дрога, колку што беа запленети, треба да помине процес од речиси четири до пет години, а тоа значи дека фирмата на Котев противзаконски работела уште од времето кога Филипче и Заев беа власт.

„ЦБД медплант“ лиценца за медицински канабис исто така доби токму од Заев и од Филипче во 2020 година во период кога сакаа да ја легализираат марихуаната и со тоа државата да ја направеле светска туристичка дестинација и на голема врата ја промовираа продажбата на цвет од канабис.

За потоа во 2023 година по нивна насока да се смени подзаконски акт, односно правилникот за одгледување марихуана.

Дали поради сето ова, денес Заев и Филипче се преправаат дека не го познаваат лицето Тони Котев, со кој до вчера, додека им течел бизнисот, гордо, рамо до рамо, се фотографираа.

Се плашат ли Филипче и Заев од целосно расчистување на случајот и дали се точни нашите информации дека двајцата имаат удел во бизнисот со марихуана, па толку голема им е паниката?

Затоа ли патувањето на Филипче кон Грција и јавувањата на Заев кон поединци во Царината се случуваат во тој период и дали случајно и поранешен висок функционер е вмешан во овој наркобизнис на Филипче и Заев?

Наспроти негирањето и дефокусот од СДСM, едно е сигурно, како поминува времето, сè се расчистува и индициите за криминалот со марихуаната водат до Филипче и Заев.

Одговорност мора да има, затоа Јавното обвинителство целосно да го истражи и расветли случајот.