Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче тоне со секоја следна анкета, народот не го поддржува, па се впушти во романса со Бугарија да ги истурка уставните измени за власт

Демагошката програма на СДСМ полна со празни и излитени флоскули, на Венко Филипче не му носи никакви позитивни резултати или пак посакуван ефект, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го потврдуваат и последните анкети кои повторно покажуваат огромна предност на ВМРО-ДПМНЕ, наспроти СДСМ. Потиснат од ваквите резултати на јавното мислење, каде народот јасно потврдува […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Демагошката програма на СДСМ полна со празни и излитени флоскули, на Венко Филипче не му носи никакви позитивни резултати или пак посакуван ефект, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа го потврдуваат и последните анкети кои повторно покажуваат огромна предност на ВМРО-ДПМНЕ, наспроти СДСМ.

Потиснат од ваквите резултати на јавното мислење, каде народот јасно потврдува дека не гледа опција во СДСМ, Филипче се впушта во романса со Бугарија сметајќи дека така ќе успее да им се допадне на граѓаните.

Реклама

Така, Венко Филипче се претвори во специјален бугарски пратеник кој е спремен да истурка промена на уставот за внесување на Бугарите, сметајќи дека така ќе успее да дојде на власт, наместо со победа на избори.

Над 80% од македонските граѓаните сметаат дека уставни измени под бугарски диктат не е реформски чекор кон ЕУ и дека оваа отстапка не треба да се прави без предвидливост на евроинтегративниот пат и гаранции дека тоа ќе е последната отстапка која Бугарија ќе ја бара од нас.

Но, сепак, за Венко Филипче и лојалистите на Зоран Заев собрани во врхушката на СДСМ ова не е важно и ако е до нив, тие уште утре ќе ги прифатат и потпишат бугарските барања.

Оваа поданичката политика на Филипче и СДСМ кон Бугарија и Радев, веќе видена со Зоран Заев, не оди на добро на државата, а уште помалку му оди во прилог на Венко, чувар на партиската фотелјата на Заев.

Едно е сигурно, ако Филипче продолжи со ваквиот понижувачки и вазалски однос кон Бугарија и Румен Радев, уште повеќе ќе се маргинализира на политичката сцена, затоа што македонските граѓани таков однос не прифаќаат и не одобруваат.

Народот добро знае дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги штити националните интереси и токму затоа даваат и огромна поддршка на владејачката коалиција како на изминатите избори, така и на последователните истражувања на јавното мислење.