Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче повторно избега од пратенички прашања и од Франкфурт праќа поздрави за работниците на Меѓународниот ден на трудот

Венко Филипче повторно се изгуби од јавноста. По денови и денови со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче повторно се изгуби од јавноста. По денови и денови со секојдневни прес-конференции и јавни настапи, со критики за се и сешто, токму во моментот кога требаше да зборува од собраниската говорница, да испрати аргументирана критика и издржани прашања до претставниците на власта, Филипче повторно избега, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера беше последниот четврток во месецот, резервиран за механизмот пратенички прашања, кога народните избраници имаат можност да упатат критики и да постават прашања до власта за сите нејаснотии и на лице место да добијат и одговори.

Но, како и многу пати досега, пратеникот Филипче, наместо да остане во Собрание и да си ја сработи платата за што е платен од парите на граѓаните, тој повторно не се појави.

Реклама

Според нашите информации, додека во Собрание беше во тек седницата за пратенички прашања, наместо на говорница, Филипче бил на пат за Франкфурт, а во меѓу време, со лажна грижа за состојбите во државата, се јавува со статуси на социјалните мрежи.

Згора на тоа, Филипче тера продолжен викенд во европска дестинација токму на меѓународниот ден на трудот, а заедно со СДСM најгласни беа за правата и платите на работниците.

Толку се грижат за работничките права СДСM и Венко Филипче, што на нивниот ден ги оставаат сами на цедило, терајси одмори по европски дестинации.

Едно сигурно, со статус на социјални мрежи сигурно ќе се јави да го честита празникот, лиејќи крокодилски солзи дека многу се грижи за работниците.