Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче наместо да дигаш паника меѓу земјоделците, кажи каде се парите од неисплатените субвенции

ВМРО-ДПМНЕ реагира на изјавата на претседателот на СДСМ Венко Филипче дадена на средба со земјоделците и прашува каде се парите од неисплатените субвенции. Филипче без тронка срам одиш и ги лажеш граѓаните, но има еден голем проблем, никој не ти верува. Филипче да те потсетиме дека кога заминавте од власт, оставивте долгови, неисплатени субвенции за […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ реагира на изјавата на претседателот на СДСМ Венко Филипче дадена на средба со земјоделците и прашува каде се парите од неисплатените субвенции.

Филипче без тронка срам одиш и ги лажеш граѓаните, но има еден голем проблем, никој не ти верува.

Филипче да те потсетиме дека кога заминавте од власт, оставивте долгови, неисплатени субвенции за 2020, 2021, 2022 и 2023 година. Можеби дојде време да одговорите на земјоделците каде тие пари завршија.

Реклама

Дали токму со парите на земјоделците си купивте визи во Дубаи, станови по скапи комплекси низ Скопје?

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од самото доаѓање на власт исплати 350 милиони денари за неисплатени плати на вработените во ЈП Национални шуми и АД Водостопанство. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 27.07.2024 до 31.12.2024 исплати близу 4 милијарди денари.

Вкупно од 27.07.2024 година до денес исплатени се близу 14 милијарди денари за заостанати и тековни обврски.

Филипче наместо да дигаш паника меѓу земјоделците, одговори им зошто во ваше време се вметна во законот за вино дополнителни 8%, кои винариите им ги кратат на лозарите.

Филипче одговори на лозарите зошто не ја изготвивте методологијата за пресметка на трошоците за производство на килограм винско грозје, туку Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја донесе за 18 дена.

Не ви поминуваат лагите, прочитани сте, подгответе се за длабока опозиција.

Резултатите во земјоделството се видливи, земјоделците имаат партнер во Владата преводена од ВМРО-ДПМНЕ и знаат дека никогаш нема да бидат оставени сами како со СДСM.