Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја уништи СДСM под диктат на Заев партијата е на раб на исчезнување

Венко Филипче е синoним за пропаста на СДСM, по историскиот пораз на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче е синoним за пропаста на СДСM, по историскиот пораз на СДСM каде партијата доживеа најтежок изборен дебакл и ја изгуби доминантната опoзициска позиција по што стана петта сила во Скопје, а трета на државно ниво, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Одговорноста за дебаклот на СДСM има име и презиме, Венко Филипче, кој како лидер на СДСM под менторство на Зоран Заев ја доведе СДСM до раб на исчезнување на политичкиот спектар.

Венко Филипче наместо да го релативизира и минимизира поразот треба да си поднесе оставка. Под водство на Филипче кој делува како продолжена рака на Заев СДСM наместо промени и реформи стана синоним за расипништво, каде тандемот Филипче и Заев се луксузира на скапи одмори, јахти, поседува милионски имоти и инвестира во Дубаи.

Реклама

Со само 126 илјади гласа и 6 општини СДСM доживеа потоп. Народот ги казни ароганцијата, расипништвото и лажниот морал. СДСM заборави на реaлните проблеми на граѓаните, партијата се оддалечи од народот и стана затворен елитен клуб кој мисли само на личните привилегии.

СДСM е се уште под диктат на Заев, Филипче не се дистанцира од штетните политики на Заев, неместо реформи во СДСM се прават козметички потези и се штити раководството. Итна оставка на Филипче и длабоки внатрешни реформи се единствениот начин СДСM да преживее на политичката сцена.

За здрав демократски систем потребно е СДСM да се ослободи од менторството на Заев и штетните политики на Филипче за конечно да стане конструктивна и одговорна опозиција. Македонија има потреба од силна, чесна и одговорна опозиција.

Додека СДСM тонат во хаос и лични пресметки, ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на народот, на реформите и на иднината на Македонија.