Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја продолжува политиката на Заев на штета на националните интереси

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ обвини дека лидерот на СДС, Венко Филипче, безрезервно ја следи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ обвини дека лидерот на СДС, Венко Филипче, безрезервно ја следи политиката на својот претходник Зоран Заев, продолжувајќи со, како што велат, погубни и попустливи политики што ги загрозуваат националните интереси. Од партијата порачуваат дека Филипче не само што не се дистанцира од заевизмот, туку активно го прифаќа моделот на криминал, корупција и отстапки на штета на државата.

„Филипче не се одвојува од сенката на Заев, туку напротив, ја продолжува линијата на неговото дејствување. Наместо да застане во одбрана на македонските интереси, Филипче промовира политика на попуштање и отстапување, идентична на онаа што ја водеше Заев“, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека за време на владеењето на Заев, Македонија влезе во процес на преговори со Бугарија под услови што, според нив, значеле директно нарушување на националниот идентитет и интереси. Според партијата, истата политика денес ја продолжува Филипче, што било потврдено и со неодамнешното признание на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, дека преговори за етнички прашања се водат со одобрение од страна на СДС.

Реклама

„Наместо државнички став, СДС избира попустливост и сервилност. Последните анкети само ја потврдуваат оваа реалност, бидејќи половина од граѓаните не го препознаваат Филипче како сериозен лидер на опозицијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата дополнително истакнува дека политиките на СДС и понатаму остануваат синоним за неспособност, криминал и предавства, што според нив, е сериозна закана за иднината на државата.