Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е уплашен и нервозен, води политика на блокади и уцени штетни на демократските процеси и ЕУ агендата

Венко Филипче е уплашен и нервозен политичар кој секојдневно ретерира, се заканува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче е уплашен и нервозен политичар кој секојдневно ретерира, се заканува и поставува ултиматуми додека му ја чува фотелјата на Заев и чека негови насоки и инструкции за делување, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ на чело со Филипче е партија без идеи и без визија за развој на државата, во СДСМ се до толку изгубени што повеќе следат, анализираат и ликуваат на избори во туѓи држави отколку во својата држава, а преку Димитријевиќ и се ставија на располагање и на странски политички агенди само поради личните цели на Зоран Заев.

Филипче е исплашен и глуми патриот, а во суштина е бугарски привезок чии фирми заедно со неговиот ментор Заев се на бугарски адреси. Додека Филипче продава магла и глуми патриот да го потсетиме дека СДСМ е партија која со својата поданичка политика ја доведе Македонија во состојба на понижување и блокада од Бугарија.

Реклама

Сервилноста на Заев и Филипче и останатите ја стави државата во подредена состојба а СДСМ со години правеше компромиси на штета на државните интереси.

СДСМ на чело со Филипче е партија без стратегија и визија, а Филипче под влијание на Заев, ги кочи клучните закони поврзани со европската агенда.

Филипче нема став и секојдневно ретерира од позициите еден ден се заканува и поставува ултиматуми, а следниот ден се навраќа на старите ставови за укинување на техничката влада.

Филипче и СДСМ не нудат напредок и решенија, туку слепо ја следат агендата на Заев само поради личните цели и интереси на Заев и на тој начин тонат се подлабокo, а прават штета на демократските процеси во државата.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на зачувување на животниот стандард на граѓаните. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на европскиот пат со зачувување на достоинството на македонските граѓани и остварување на европската агенда.