Реклама

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е современиот Коте од Руља, го клевети и кодоши македонскиот премиер пред Румен Радев

На кого одговара Венко Филипче, пред Зоран Заев или пред Румен Радев…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На кого одговара Венко Филипче, пред Зоран Заев или пред Румен Радев или пред двајцата? Во ситуација кога Македонија е блокирана од Бугарија со билатерални барања кои ги загрозуваат националните интереси, Венко прво што направи е да се допадне на Радев како нов премиер и да застане на нивна страна, воедно да изгледа и како кодош и клеветник на македонскиот премиер Мицкоски, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Радев не е нов политичар, само е нов премиер на Бугарија, но сите добро ги знаеме неговите ставови поврзани со Македонија и македонскиот народ, јазик, идентитет, историја. Радев има кажано дека сонародниците на Гоце Делчев се Бугари, што значи дека ни тој како премиер нема да се откаже од бугарските барања и од вета поврзани со националниот идентитет. И во таква ситуација, Венко одма побрза да му се допадне и да застане на негова страна.

Нема предавство кое СДСМ и Филипче не се спремни да го спроведат. Тоа што Заев го започна со распродажба на државните и национални интереси Филипче сака да го доврши. Филипче стана современиот кодош Коте од Руља.

Реклама

Наместо да се вразумат и еднаш да застанат на вистинската македонска и државна страна, во одбрана на државните интереси, тие повторно испраќаат порака дека се спремни на предавство, затоа и тонат и исчезнуваат од политичкиот спектар.