Реклама

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е против корупција само кога тоа политички му одговара и партиски се пресметува, скандалот со Петровска е доказ за тоа

Случајот со Славјанка Петровска, кој Венко Филипче го отвори во јавноста дури…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Случајот со Славјанка Петровска, кој Венко Филипче го отвори во јавноста дури во моментот кога Петровска стана дел од Платформата „12.05“ и почна јавно да бара промени во СДСM, е доказ за двојните стандарди на Филипче, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

Платформата „12.05“ јавно побара Филипче да се повлече од лидерската позиција, а Филипче потоа директно ја прозва Петровска во врска со наводите околу набавката на хеликоптери и договор за кој, според Филипче постоела разлика од дури 37 милиони евра.

Ако Филипче со години располагал со информации за овој случај, тогаш зошто молчел досега?

Реклама

 Зошто Филипче не ги доставил информациите до надлежните институции порано?

И зошто токму сега, кога Петровска стана негов политички критичар, Филипче го обелоденува случајот?

Преку овој случај на површина излезе целата хипокризија  и двојните стандарди на СДСM и Филипче.

Од една страна, Филипче постојано зборува за Европската Унија, европските вредности, владеењето на правото и борбата против корупцијата како услов за европскиот пат на Македонија. Од друга страна, кога станува збор за наводи за сериозни злоупотреби во сопствените редови во СДСM, Филипче знаел и молчел се до моментот додека тоа политички му одговарало.

Европа не е само декларативна определба. Европските стандарди подразбираат одговорност, транспарентност и нулта толеранција кон корупцијата  и кога сомнежите се однесуваат на сопствените редови, а не само кога можат политички да се искористат против противник.

Ако Филипче навистина располагал со информации за наводниот случај од 37 милиони евра, тогаш зошто досега молчел?

Не може од една страна да се бараат европски стандарди и европско обвинителство, а од друга страна да нема јасен одговор и да се молчи.

Ако европскиот пат значи владеење на правото, тогаш истиот принцип мора да важи за сите, и за политичките противници, и за сопствените редови.