Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е подготвен да тргува со македонскиот идентитет само за да дојде до власт

Филипче е подготвен да тргува со македонскиот идентитет за власт. Филипче нема…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче е подготвен да тргува со македонскиот идентитет за власт. Филипче нема црвени линии и молчи за нападите врз македонскиот идентитет само за да ја зачува фотелјата на Бихачка и да се добере до власт, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. 

Венко Филипче не го брани македонскиот национален интерес и идентитет туку сопствената политичка кариера.

Венко Филипче секојдневно потврдува дека е подготвен да оди и подалеку од Зоран Заев во исполнувањето на барањата кои директно ги засегаат македонските национални интереси.

Реклама

Додека Бугарија продолжува да го негира македонскиот јазик, да ја фалсификува историјата и да го оспорува македонскиот идентитет, Филипче не гледа проблем во тоа. Наместо јасно и гласно да застане во одбрана на државните и националните позиции, тој ги релативизира навредите и ги минимизира заканите со кои се соочува Македонија.

За Филипче нема црвени линии. Нема прашање кое не е подготвен да го отвори и нема национален интерес што нема да го жртвува ако процени дека така ќе добие поддршка од центрите на моќ кои со години вршат притисоци врз Македонија.

Ставовите на Филипче не се ништо друго освен продолжение на политиките на СДСМ кои донесоа понижувања, отстапки и штета за македонските национални позиции.

Разликата е што Филипче денес покажува уште поголема подготвеност од Заев за нови отстапки и нови порази.

Филипче избира да биде адвокат на бугарските барања. Кога треба да се оправдаат условувањата од Софија е најгласен, а кога треба да се брани Македонија е најтивок.

Граѓаните добро паметат што значеа политиките на Заев и СДСМ. Затоа нема да дозволат истата политика на национални отстапки да се врати под ново име и со нов извршител.

Времето на понижувања заврши. Граѓаните ќе знаат да препознаат кој ја брани Македонија, а кој е подготвен да ја продава за политичка функција.