Реклама

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

Груби излезе од куќен притвор, денеска ќе се дознае дали ќе го добие и пасошот

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Јавното обвинителство од Кочани побара притвор за бегалелката Ива Михаилова

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е најгласниот адвокат на бугарските барања во Македонија 

Филипче и СДСМ не нудат решение за Македонија, туку нудат нови отстапки со кои овозможуваат нови уцени. Филипче глуми адвокат на официјална Софија и ги стави туѓите интереси пред македонските. Венко Филипче е опседнат со внесување на Бугарите во Уставот, што покажува дека за СДСМ нема црвени линии кога се во прашање националните интереси и […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче и СДСМ не нудат решение за Македонија, туку нудат нови отстапки со кои овозможуваат нови уцени. Филипче глуми адвокат на официјална Софија и ги стави туѓите интереси пред македонските. Венко Филипче е опседнат со внесување на Бугарите во Уставот, што покажува дека за СДСМ нема црвени линии кога се во прашање националните интереси и достоинството на државата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Додека Владата носи инвестиции, отвора перспективи и работи за подобар животен стандард, Филипче и СДСМ единствено нудат политики на капитулација, сервилност и исполнување на туѓи агенди.

Наместо да се борат за Македонија, во СДСМ се натпреваруваат кој побрзо ќе прифати нови условувања и отстапки.

Реклама

На граѓаните одамна им е јасно дека внесувањето на Бугарите во Уставот не е крај на барањата, туку почеток на нова серија уцени. Токму затоа огромно мнозинство граѓани се против такви чекори под диктат и притисок однадвор.

Секој јавен настап на Филипче и СДСМ се потсетник зошто СДСМ ја изгуби довербата кај народот и зошто продолжува да тоне.

Во Македонија заврши времето на капитулации и политичари кои клечат пред туѓи барања.

Македонија има потреба од лидери кои стојат исправено, го бранат идентитетот, јазикот и државните интереси без калкулации и без пазарење.

Граѓаните ги поддржуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ и даваат огромна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ да се бори достоинствено на патот на интеграцијата на Македонија во ЕУ.