Реклама

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Евростат потврдува раст на куповната моќ на минималната плата во Македонијав

Додека СДСМ и Венко Филипче се обидуваат да креираат паника и негативна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека СДСМ и Венко Филипче се обидуваат да креираат паника и негативна перцепција, фактите и официјалните податоци од релевантните меѓународни институции покажуваат поинаква слика. Најновите податоци на Евростат укажуваат на подобрување на куповната моќ на минималната плата во Македонија, што претставува објективен показател за економските движења, се вели во сооопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според најновите податоци од Евростат, мерено според куповната моќ, вредноста на бруто минималната плата во Македонија во јули 2026 година е повисока во споредба со седум земји членки на ЕУ, таа е повисока од сите земји од Западен Балкан и од Турција.

Меѓу 27-те земји, Македонија се наоѓа на 16-то место на листата. Пресметката за Македонија покажува 1.142 ППС. Тоа е повисок „минималец“ отколку во Србија која е веднаш зад неа со 1.094 ППС, Црна Гора со 1.014 и Албанија со 705 ППС, која всушност е и на последното место. На првата позиција се наоѓа Германија со 2.164 ППС, а зад неа е Луксембург со 2.108.

Реклама

Според пресметките на  Евростат со минималец во Македонија може да се купи повеќе отколу во Србија и Црна Гора.

И покрај тоа што граѓаните и понатаму се соочуваат со предизвици поврзани со трошоците за живот, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да креира и спроведува мерки насочени кон подобрување на животниот стандард.

Растот на минималната плата, заедно со економските политики за поддршка на граѓаните и стопанството, придонесува за постепено зголемување на куповната моќ, што е потврдено и со најновите податоци на Евростат.

Овие податоци претставуваат јасен показател дека политиките насочени кон подобрување на животниот стандард и растот на платите даваат резултати. Континуираното зголемување на минималната плата придонесува за поголема куповна моќ на граѓаните, подобра економска сигурност и поголема конкурентност на државата во регионот.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на креирање политики што ќе обезбедат понатамошен раст на платите, подобри услови за работа и повисок квалитет на живот за сите граѓани.