Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ) – Скопје денеска на научен собир ќе ги претстави наодите од научноистражувачкиот проект „Трансформација на практиките за менаџмент на човечки ресурси преку странските директни инвестиции во Македонија“.
-На собирот ќе бидат претставени наодите од интервјуата со претставници на стопански комори и со компании со странски директни инвестиции. По презентациите ќе следува модерирана дискусија, соопшти ИСППИ.
Научниот собир со поздравни обраќања ќе го отворат Ивана Јанеска-Стаменковска – проректор за наука на УКИМ, Петар Атанасов – директор на ИСППИ, и Весна Забијакин Чатлеска – раководителка на истражувачкиот проект.

