Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата се стабилизира и расте

Економијата се стабилизира од пустошот и хаосот кој го остави СДСМ после…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Економијата се стабилизира од пустошот и хаосот кој го остави СДСМ после 7 години катастрофално менаџирање, лоши економски политики и отсуство на мерки и проекти, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

После 7 години откако СДСМ ја уништи економијата и го срози стандардот на граѓаните, од голем минус стопанството и трговијата во индустријата се стабилизираа. Индикаторите за првиот месец од вториот квартал се високи, што покажува дека состојбата е стабилизирана во рамките на нула. Имаме раст на трговијата во индустријата од 6%, раст на преработувачката индустрија од 6,6%.Раст на прометот со трговијата во индустријата на меѓународниот пазар, каде имаме многу повеќе раст од домашниот. Прометот во трговијата во индустријата надвор е околу 7,5 – 7,6 проценти. За краток период Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ исто така успеа да ги стабилизира буџетските приходи, и енормно да ја зголеми довербата на инвеститорите, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата работи посветено со домаќински скроен буџет, се зголемија платите во клучни сектори како здравство, образование, полиција, се работи на конкретни мерки и проекти за намалување на невработеноста со цел подобар и поквалитетен живот на граѓаните, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.