Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Двојни аршини во правосудството, Кацарска против покачување на пензиите но за повисока судска плата и привилегии

Добрила Кацарска е на функцијата уставен судија како награда од СДСM за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Добрила Кацарска е на функцијата уставен судија како награда од СДСM за добро завршената работа во случајот за 27 април. Кацарска во јавноста е запаметена како исклучително репресивна фигура во водење на одредени судски процеси, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Јавноста ја памети Кацарска по нејзината улога на џелат во водењето на судски процеси, игрите со притворите, стигматизацијата, осудите на луѓето без пресуда, и политичко водење на случаите каде Кацарска пресуди над 200 години затвор за луѓето од 27 април.

Кацарска сега сака да им го одземе зголемувањето од 7000 денари на пензиите на пензионерите, додека во исто време бара зголемување на сопствената плата.

Реклама

СДСМ молчи додека нивната продолжената рака во Уставниот суд Кацарска, бара зголемување на нејзината плата од околу 100 илјади денари а укинување на пензиите од 7000 денари.

Судството со 2 проценти доверба, Кацарска без кредибилитет и со двојни аршини да се кратат пензии додека од друга страна се бараат судски бонуси и привилегии.

СДСМ молчи и на дело ја покажува нивната незаитересираност за пензионерите, и ја продолжува праксата од нивно време каде пензионерите добиваа покачување за 150 денари.

СДСМ да се огради од барањата на нивната продолжена рака во судството Кацарска, за поништување на зголемувањето на пензиите кои таа ги побара од Уставниот суд.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се грижи за пензионерите. За покачување на пензиите и зголемување на животниот стандард.