Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ до Бујар Османи: Единствениот свет во кој е ДУИ е светот на корупцијата!

„Дали Бујар Османи го презеде лидерското место во ДУИ, а Али Ахмети…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Дали Бујар Османи го презеде лидерското место во ДУИ, а Али Ахмети се повлече?, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Дали станува збор за внатрепартиски договор, некаква транзиција или лична амбиција на Османи? Или можеби тој сега е само портпарол на партијата? Како и да е, треба да знае – а и сигурно знае – дека единствениот свет во кој треба да завршат корумпираните функционери на ДУИ е светот на правдата“ се наведува во реакција на ставови на Бујар Османи.

Како во најмрачните времиња на српските кланови, денешната структура на Бујар Османи, прави се’ за да им нанесе штета на институциите, само за да не се обелодени нивното мрачно 20годишно досие. Дури и начинот на комуникација на ДУИ е сличен на озогласените „сурчински“ или „земунски“ кланови: со навреди и со закани, но всушност без никаква моќ да го сменат текот на правдата, додаваат од ВМРО ДПМНЕ.

Реклама

Имено, потенцираат дека Османи, поразениот министер кој беше симбол на молчењето пред сите скандали на ДУИ, денес повторно се обидува да влезе во политичката арена преку лажен патриотизам и заплашување на граѓаните.

„Наместо да одговори зошто за време на неговиот мандат се молчеше пред уцените од Бугарија, зошто се деградираше позицијата на државата на меѓународен план, и зошто ДУИ 20 години ја користеше власта исклучиво за лични и партиски цели, Османи се обидува да создаде нова поделба и тензија.

Владата нема потреба да бара ничија дозвола за да ја води надворешната политика на Македонија. Тоа е уставна обврска и право, добиено директно од народот. Македонија е демократска држава, а не приватна територија на ДУИ која треба да се раскрчми – како во минатото.

Доста е од политичари кои ја сведуваат државата на етничка апанажа. Сите сме еднакви граѓани на оваа држава.

Доста е од лаги за „српски светови“, „големи Албании“ и други лаги со кои Османи и ДУИ ја одржуваа својата моќ.

Ако Османи навистина сака да зборува за „прашање до Албанците“, нека им одговори на граѓаните:

• Кој му го даде правото да го потпише Францускиот предлог без консензус?
• Кој му го даде правото да молчи за криминалот во ДУИ?
• Кој му го даде правото да ги дели Албанците на „вистински“ и „предавници“ според тоа дали го поддржуваат ДУИ?

Секој што се чувствува Албанец, Македонец, Турчин, Србин, Влав, Бошњак или Ром има исти права и одговорности. Меѓутоа, никој нема право да ја приватизира надворешната политика, да ја дели државата и да ги лаже граѓаните“, соопштија во реакција на ставови на Бујар Османи.

Тие што мислеа дека се вечни, нека се помират со реалноста: времето на ДУИ конечно заврши, нотираа во партиското соопштение.