Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Дебакл на Шукова и Филипче, уште непочнат им пропадна осмомартовскиот марш, никој не сака да застане до нив

Дебакл на СДСM и Венко Филипче, уште непочнат им пропадна осмомартовскиот марш.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дебакл на СДСM и Венко Филипче, уште непочнат им пропадна осмомартовскиот марш. Филипче денеска потврди дека никој не сака да маршира покрај него и Каја Шукова и дека не може да ја консолидираат партијата, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Денешната прес-конференција на Филипче е само доказ за бедата и очајот во кој ја доведоа СДСM.

Иако две недели однапред го најавија, сепак не успеаја да го мобилизираат членството да им се приклучи и денеска Филипче испаничен во очај мораше да го откаже маршот затоа што веројатно ќе маршираа сами тој и Шукова, евентуално и Чупеска.

Реклама

Во неможност да организираат свој сопствен марш, Филипче се впушти во она што СДСM најдобро го прават, злоупотреба на туѓи собири, па така реши да го злоупотреби маршот на граѓанските организации и неповикан партиски да им го обои.

На Македонија и е потребна сериозна опозиција, а не ваква на чело со Филипче која злоупотребува трагедии и туѓи собири.

Вистината е дека СДСM не може да собере луѓе на свој протест па мора да се прилепуваат кон други протести, што самото тоа покажува две работи: СДСM е омразена и пропадната партија која почнува да делува како помал кружок, и второ, користат разни прокси организации и ги злоупотррбуваат да прикажат наводно незаводолство против Владата.

Дека СДСM го изгуби кормилото покажува и фактот дека денес излегоа на прес-конференција намачкани со црвена боја сиболизирајќи крвави раце.

Српскиот советник кој видел крвави раце кај нив и ви сугерирал и вие да ставите не само што ве довел во заблуда туку и ве понижува фалејќи се наоколу дека целата партија му е под контрола и цитираме да свирне вие ќе скокнете.

Но тоа е ваш проблем, а проблем на Македонија е тоа што има ваква површна корумпирана опозиција со истите луѓе кои Македонија ја доведоа до самото дно од кое се бориме и трудиме да се искачиме.