Реклама
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Венко Филипче се восхитува од криминалната афера „Глобал“ на Заев

Според ВМРО-ДПМНЕ, владеењето на Зоран Заев, како на локално така и на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Според ВМРО-ДПМНЕ, владеењето на Зоран Заев, како на локално така и на централно ниво, било бележано со серија криминални и корупциски афери. Во соопштението од партијата се истакнува дека Заев, во своето слободно време, не само што се занимавал со распродување на националните и државните интереси, туку и со организирање криминални и рекетирачки шеми.

„Потрагично од криминалот на Заев е тоа што неговиот наследник во СДС, Венко Филипче, се восхитува од него, велејќи дека нема друг како него и смета дека народот треба да учи од него и неговото работење“, се наведува во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ го истакнува како еден од најголемите криминални скандали за време на владеењето на Заев аферата „Глобал“, која е проценета на осум милиони евра. Според партијата, Заев требало да заврши зад решетки поради своето учество во овој криминал, но избегнал казна благодарение на амнестијата која му ја доделил тогашниот претседател Бранко Црвенковски.

Реклама

„Кога Филипче се восхитува од Заев и вели дека народот треба да учи од него, дали мисли и на ова? Како да се изврши криминал тежок осум милиони евра и да се избегне одговорност?“ – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение на соопштението се додава дека Венко Филипче треба јасно да се изјасни дали се восхитува од криминалите на Заев, кои му донеле милиони евра, но не се казнети. Партијата ги повикува Филипче и СДС да се одредат кон овие афери и да покажат дали поддржуваат криминал и неказнивост.

„Во секое зло, добро. Добро е што Филипче призна и јавно изјави што го сака. Народот сега нема дилеми и знае кој е неговиот правец“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, истакнувајќи дека, според нив, СДС останува симбол на криминал, корупција и предавства.

Со оваа изјава, од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека Филипче се пријавил како следбеник на Зоран Заев, кој и понатаму, според партијата, останува фигура која ги води криминалните патишта на СДС.