Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ стравува од сведочењето на Груби и од евентуалните искази што би можеле да допрат и до нивни поранешни високи функционери?

Очигледна е паниката во редовите на СДСМ по апсењето на екс вицепремиерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Очигледна е паниката во редовите на СДСМ по апсењето на екс вицепремиерот Артан Груби. Институциите си ја завршија работата и го доведоа Груби пред лицето на правдата. Криминалецот Груби беше во бегство една година по отворањето постапка за негова вина во случајот со „Државната лотарија“ за проневера на државни пари во вредност од над 8 милиони евра, се посочува во соопштението до ВМРО-ДПМНЕ.

Милионските криминали во „Државна лотарија“ се случувале под покровителство на СДСМ и ДУИ. Додека се злоупотребувале парите на граѓаните, во СДСМ знаеле, молчеле и не реагирале поради коалициски мир со ДУИ за да не им се распадне коалицијата и да останат ден повеќе на власт.

Дали денес нервозата кај Филипче, Заев и СДСМ доаѓа од можноста вистината да излезе на виделина? Дали во СДСМ има паника поради евентуалните искази што би можеле да допрат и до поранешни високи функционери на СДСМ, помеѓу кои и Заев, Филипче, Спасовски, Зечевиќ?

Реклама

Институциите мора да постапуваат без селективност и без политички притисоци. Секој што го прекршил законот мора да одговара.

Времето на неказнивост заврши, Македонија мора да биде држава во која правдата е еднаква за сите. Владеење на правото и правдата мора да има.