Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

Македонскиот јазик е темел на нашиот национален идентитет, нашата култура, историја и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонскиот јазик е темел на нашиот национален идентитет, нашата култура, историја и државност. Тој е јазикот на нашите предци, јазикот на нашата борба, нашата песна, нашата мисла и нашето постоење, се вели во честитката од ВМРО-ДПМНЕ по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик.

На овој ден се потсетуваме дека македонскиот јазик е аманет што сме должни да го чуваме, негуваме и пренесуваме на идните генерации.

Во време кога се соочуваме со обиди за оспорување и негирање на македонската посебност, нашата должност е уште погласно и поцврсто да застанеме во одбрана на македонскиот јазик. Никој нема право да ни го одземе она што е наше, она што е дел од нашиот корен и од нашата историја.

Реклама

ВМРО-ДПМНЕ останува силно посветена на заштитата и афирмацијата на македонскиот јазик, дома и пред светот. Ќе продолжиме да се бориме против секој притисок, секое негирање и секој обид за обезличување на македонскиот народ и неговиот јазик.

Македонскиот јазик бил, е и ќе остане жив доказ за нашето постоење. Тој е нашата гордост, нашата обврска и нашата иднина.

Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик!