Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Бузлевски е продолжена рака на системот што ја запостави Македонија

Александар Бузлевски е повторно еден од пропаднатите партиски експерименти предложени од Заев,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Александар Бузлевски е повторно еден од пропаднатите партиски експерименти предложени од Заев, а секако прифатени од Филипче, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Иако кандидатот за Ресен се претставува како ново лице, јасно е дека зад него стои загарантиран локален пораз. Бузлевски беше назначен за директор на Националниот парк Галичица во време на владеењето на СДС, кој исто така функцијата не ја вршеше на зададеното ниво, па како резултат на неговата нетранспарентност го доведе во прашање управувањето со еден од најзначајните природни ресурси во Македонија. Бузлевски не направи ништо за Галичица. Не ги подобри условите со паркот, не отвори ниту едно работно место за младите луѓе во Ресен. Очигледно дека неговата единствена цел беше Националниот парк Галичица да го претвори во партиска структура. Но, сепак и покрај пропаднатата кариера, без ниту еден проект зад себе, Филипче сега по наредба на Заев, го нуди Бузлевски да управува со Ресен. Јасно е дека Бузлевски не е ново лице кое нуди визија за општината, туку претставник од системот што ја запостави Македонија. Ресенчани нема да дозволат општината повторно да биде запоставена и затрупана во долгови. Ресен ќе продолжи по патот на прогресот, со работа и вистинска промена, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.