Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Бугарија да покаже дека е искрена кога вели дека не го оспорува македонскиот идентитет и да поддржи заедничка резолуција во ЕП

Помина извесно време откако ја повикавме соседна Бугарија за поднесување на заедничка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Помина извесно време откако ја повикавме соседна Бугарија за поднесување на заедничка резолуција во Европскиот парламент, за заштита на македонскиот идентитет и јазик. Една ваква резолуција поддржана од двете држави, меѓу другото, ќе ја врати и зголеми довербата помеѓу Македонија и Бугарија, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Со тоа ние ќе стекнеме доверба во нивните намери, кога велат дека проблем за почнување на преговорите со Европската Унија се само внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав.

Но, Бугарија сеуште никаде ја нема да соопшти став по овој предлог на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски.

Реклама

Нашето изнесување на овој предлог беше од причина јавно и јасно да се покажат бугарски намери.

Бугарија би го прифатила предлогот и заедно би ја поднеле Резолуцијата, ако е искрена додека вели дека не го оспорува нашиот идентитет и јазик.

И второ, доколку не е искрена, тогаш Бугарија по секоја цена ќе ескивира и нема да ја поддржи идејата за заедничка резолуција.

И во моментов сме сведоци како соседната држава бега од оваа идеја, а со тоа го покажува и нејзиниот вистински став кон Македонија, кој не ниту демократски, ниту добрососедски, а ниту пак човечки.

Тоа што се зборува од некои кругови во Бугарија, го отсликуваат наративот на целосна негација на македонската самобитност, нешто што се поистоветува со ставот на Русија кон Украина и украинскиот народ.

Ние Македонците немаме потреба од некакво признавање, затоа што добро знаеме кои сме и што сме, а и светот добро знае. Но, негирањето кое доаѓа од страна на Бугарија е опасен преседан кој во темел би ги поткопал основните човекови права.

Но, ваквото негирање на цел еден народ на јавна сцена, треба да го вклучи алармот на цивилизираниот европски свет. Европската Унија не треба да дозволи да Македонија да биде жртва на политики и практики од 19 век, кои се политики на негација на самобитноста на македонскиот народ, налик на тие што против Украина ги применува Русија.

Македонија не бара многу, бара само како македонски народ да имаме ист третман како сите останати, затоа што ние сме добар сосед и рамноправен член на НАТО кој активно придонесува кон европската безбедност, се вели во соопштението на партијата на власт.