Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Братството на Заев и Пендаровски со Борисов ја чинеше Македонија бришење на идентитетот и јазикот, чија агенда спроведува СДСМ и Филипче?

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: „Миленикот на Стево Пендаровски и „братот“ на Зоран Заев,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

„Миленикот на Стево Пендаровски и „братот“ на Зоран Заев, Бојко Борисов се пофали дека тој лично стои зад предлогот за бришење на македонскиот идентитет и македонскиот јазик од Резолуцијата на Европскиот парламент.

Поданичката политика на Заев и СДСМ во надворешната политика кои наместо да ја штитат државата и националните интереси, ја доведоа државата во ќорсокак, како и можност за понатамошна блокада од страна на Бугарија со дополнителни барања.

Реклама

СДСМ, Заев и Филипче со својата сервилност отидоа дотаму што отворено покажуваат дека се спремни и да се откажат од националните обележја, само да дојдат повторно на власт.

Дали СДСМ, Заев и Филипче се директно вмешани во иницијативата која ја понижи Македонија?

Со оглед на фактот дека Заев тврдеше дека македонскиот и бугарскиот народ се исти како и јазиците, се поставува прашањето дали СДСМ стои позади оваа антимакедонска иницијатива?

СДСМ делува како заштитник на бугарскиот наратив а во тоа секојдневно се приклучува по некој кој е дел од нивните структури, последен во низата е Андреј Жерновски.

Наместо конструктивна опозиција и лобирање во насока на заштита на македонските државни интереси, СДСМ повторно избра да брани туѓи агенди и да ги штити бугарските интереси.“