Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Башановиќ екс советникот на Заев и Милјан Шчекиќ ја креираат политиката и го водат ПР-от на СДСМ

ПР-от на СДСМ е под надворешно влијание под палката на Башановиќ екс…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ПР-от на СДСМ е под надворешно влијание под палката на Башановиќ екс советникот на Зоран Заев. СДСМ и Филипче се опседнати со Србија бидејќи Башановиќ екс советникот на Зоран Заев го води ПР тимот на СДСМ. Башановиќ е контроверзна личност и лице со контроверзно минато со матни бизниси од областа на енергетиката, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Башановиќ има контроверзен профил, тој е естраден турбофолк менаџер и сопственик на телевизија во Србија, човек кој е апсен за крадење облека во САД. Тој е избркан од СНС затоа што склучувал милионски договори во сомнителни комбинации.

Башановиќ е личност која му беше специјален советник во владата на Заев со плата од над 1500 евра. Тој е и куќен пријател на Заев во Грција.

Реклама

Преку Зоран Башановиќ, и ПР агенцијата “Ај медија” во која соопштенијата и прес-конференциите ги пишува Милјан Шчекиќ се креира ПР стратегијата на СДСМ и се шират лаги и манипулации.

СДСМ и Филипче делуваат по насока на овие лица а нивните ставови кон Србија се резултат на тоа влијание.

Дали политиките на СДСМ и Филипче што ги водат се резултат на домашните приоритети или работат за туѓи интереси и директиви?

Граѓаните имаат право да знаат кој ги пишува соопштенијата во СДСМ, кој им ја креира политиката и во чии интереси делува СДСМ.