Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: 65,7 милиони евра за Македонија од планот за раст за спроведени реформи од реформската агенда, најмногу од целиот регион

Лидер во реформската агенда за Западен Балкан е Македонија. Не Црна Гора, која е фронтранер за влез во ЕУ, не Албанија за која исто така се вели дека е фронтранер, не Србија, Босна и Херцеговина или Косово, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Од 4 извештаи за реформската агенда, Македонија 3 пати е на првото […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лидер во реформската агенда за Западен Балкан е Македонија. Не Црна Гора, која е фронтранер за влез во ЕУ, не Албанија за која исто така се вели дека е фронтранер, не Србија, Босна и Херцеговина или Косово, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од 4 извештаи за реформската агенда, Македонија 3 пати е на првото место во исполнување на реформите. Последен доказ за тоа се доделените 65,7 милиони евра за Македонија од Европската комисија за остварување на реформите. Ако не правите реформи, нема да има пари. Со тоа што имаме најмногу добиено од цел регион, тезата на СДСМ пропаѓа во вода.

А токму тоа му смета на СДСМ, кои не знаат како да се однесуваат кога некој во државата работи во интерес на граѓаните. Тие се навикнати на неработа, на крадење и на местење тендери, договори и анекси.

Реклама

Кога говорат за корупцијата и криминалот, ги посочуваме да погледнат во својот двор. Имаат човек во извршниот одбор кој е осуден на 8 месеци затвор, Филип Андов-Сокол. Поранешен потпретседател на СДСМ и дете на Заев, Стефан Богоев, фатен со мито за местење тендер. Поранешен градоначалник на општина Свети Николе од редовите на СДСМ добил кривична пријава за злоупотреба на службената положба. Поранешниот функционер на СДСМ, Васко Ковачевски, избеган во странство поради криминал. Модуларната болница во Тетово, поради 20 % анекс на договор што го потпишал Филипче, се запали и изгореа 14 наши сограѓани.

Корупцијата и криминалот се во сржта на СДСМ.