Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ВМРО – ДПМНЕ: 10:1 е соодносот со СДС по освоени општини во првиот круг, граѓаните избраа работа и дела, наместо криминал и неспособност

Локалните избори беа одраз за тоа дека доколку работиш чесно, транспарентно и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Локалните избори беа одраз за тоа дека доколку работиш чесно, транспарентно и посветено, народот ќе го цени тоа и ќе те награди, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ го преслика успехот од парламентарните избори минатата година во процентуална вредност, а споредбено со минатите локални, имаме и раст во бројот на гласови, советнички места и градоначалници. 

ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советници низ државата и градот Скопје, додека СДСM освои околу 230 советници. ВМРО-ДПМНЕ освои 12.000 гласови повеќе од минатите избори, додека СДСM изгуби 111.000 гласови. ВМРО-ДПМНЕ доби 11 повеќе градоначалници во првиот круг, а СДСM изгуби 6. Соодносот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСM по првиот круг е 10 спрема 1. Граѓаните направија вистински избор, избраа работа и дела, наместо криминал и неспособност. 

Во вториот круг на 2 ноември, ВМРО-ДПМНЕ е асполутен фаворит во сите 26 општини. Затоа, ги повикуваме граѓаните, во вториот круг да го дадат својот глас на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и масовно да го заокружат бројот 9. Да ја запечатиме победата и да го направиме вистинскиот избор, со твојот човек, за твоето место, за твојата иднина!