Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

ВЛЕН: На Коридорот 8 активно се работи, ДУИ се распаѓа

Што сѐ не слушаме од пропагандната кујна на ДУИ! Соопштенија не само…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Што сѐ не слушаме од пропагандната кујна на ДУИ! Соопштенија не само полни со измислици, туку и со голема доза хумор. Сега измислиле и нова математика – „4 спрема 1“. Бројки собрани којзнае во кое партиско кафуле, се наведува во денешното соопштение од ВЛЕН.

Опозицијата очигледно тешко се согласува со реалноста, па од очај почнаа да одат од градилиште на градилиште, броејќи багери за да видат каде се работи повеќе.

Наместо да прават празна врева и да го вмешаат НАТО во својата пропаганда, нека објават барем еден документ со кој ќе го поткрепат своето тврдење за „4 спрема 1“.

Реклама

На Коридорот 8 активно се работи. На делницата Гостивар–Букојчани работите се одвиваат на 17 од вкупно 31 километар, а активностите продолжуваат и на Тетово–Гостивар, како и на другите делници. Коридорот 8 е стратешки проект и ќе биде реализиран.

Лажевте додека бевте на власт, а продолжувате да ширите невистини и сега кога сте во опозиција. Рефлектирајте, бидејќи им станавте товар на граѓаните. Ако продолжите со ова темпо, граѓаните ќе ве избришат од политичката карта.