Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

ВЛЕН: Бујар Османи е пример за неефикасно и незаконско работење

Во својата политичка кариера, Бујар Османи секогаш се грижел само за својата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во својата политичка кариера, Бујар Османи секогаш се грижел само за својата функција и личен напредок, но никогаш за интересот на граѓаните. Тоа не го тврдиме само ние, тоа го потврдуваат и официјалните институции на државата. Државниот завод за ревизија има изготвено повеќе негативни извештаи за неговото работење, меѓу кои и извештајот за времето кога беше министер за здравство (2008–2011), се вели во соопштението од ВЛЕН.

Во 2010 година, Државниот завод за ревизија објави извештај за Министерството за здравство за 2009 година, за период во кој Османи беше министер.

Извештајот констатира:
Незаконско користење на службени возила – без налози, без месечни извештаи, без збирен извештај за километража; исплатени 4,58 милиони денари за деривати без верификација и усогласување на фактурите.
Сервисирање на возилата без докази – исплатени 1,4 милиони денари за сервисирање без записници за квалитативен прием.
Незаконски вработувања преку агенции – ангажирање лица на проекти без да е предвидено со Правилникот за систематизација на работните места.

Реклама

Сомнителни додатоци за членовите на Комисијата за јавни набавки – исплатени 410 илјади денари за наводен ангажман надвор од работно време, без докази за истиот.

Овој извештај е доказ дека Бујар Османи не само што не оставил трага на развој и подобрување на здравствениот систем, туку напротив – неговото раководење било пример за расипничко и незаконско трошење на јавните пари.

Денес, истиот тој човек кој добивал негативни извештаи од државните ревизори, бара доверба од граѓаните на Чаир за да го продолжи своето незаконско работење и на локално ниво. Граѓаните имаат право да знаат дека ваквите незаконски трошења се мерени со милиони потрошени без контрола, без одговорност и без законска основа. Чаир не е општини која треба да биде засолниште за незаконска работа на Бујар Османи додека неговата ДУИ е опозиција.