Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Владев: Свети Николе добива современ ритеил парк и градски базен за нов лик на градот

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Свети Николе, Дејан Владев, на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Свети Николе, Дејан Владев, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, истакна дека ќе продолжи да работи со иста посветеност и чесност како изминатите четири години, со конкретни дела и резултати за општина Свети Николе.

„Овој мандат беше наш заеднички подвиг. И секој проект што го реализиравме – го реализиравме заедно. Ќе продолжам да работам со истата сила, со истата посветеност и со уште поголема страст. Затоа што за овие неколку години покажав што значи еден градоначалник да биде со својот народ да работи чесно, не само пред избори, туку секој ден. Имам тим, имам визија, но пред сè – имам обврска пред вас. Да продолжам со проекти, со конкретни резултати, и со грижа за секој дел од општината“, вели Владев.

Кандидатот за градоначалник на општина Свети Николе ги истакна проектите кои се планираат да се реализираат со новиот мандат, како изградба на современ трговски простор, нова прочистителна станица, градски базен и изградба на старечки дом.

Реклама

„Оваа програма не е само список на проекти –ова е визија за иднината, план за секој граѓанин, за секое маало, за секое село! Да го надградиме она што го почнавме! Ќе овозможиме изградба на современ трговски простор – ритеил парк, со нови работни места, урбана уреденост, паркинг и зелени површини. Изградба на нова пречистителна станица. Изградба на спортско-рекреативен објект – Градски базен со поддршка од Министерството за Спорт. Изградба на старечки дом во соработка со МТСП, надградбa на детската градинка, подобрување на образовната инфраструктура, комплетна реконструкција на ул. „Филип II“, изградба на соблекувални и покривање на трибини на Градскиот стадион, реконструкција на спортската сала „Цар Самоил“, рече Владев.