Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

Владев: Благодарение на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ која работи чесно во Свети Николе ќе се реализираат голем број на проекти

Градоначалникот на општина Свети Николе, Дејан Владев во своето гостување во поткастот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на општина Свети Николе, Дејан Владев во своето гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ најпрво зборуваше што наследиле кога ја преземале општината каде посочи дека се затекнале со голем хаос на почнати, а недовршени проекти кои се месеци тлееле нанесувајќи и повеќе штета на општината отколку добробита што ќе произлезе од тие проекти.

„Првата бариера со којашто се соочивме кога ја преземавме локалната самоуправа во општина Свети Николе е тоа што затекнавме голем хаос на почнати, а недовршени проекти кои тлееле со месеци наназад нанесувајќи повеќе штета на општина Свети Николе, отколку добробита што ќе произлезе од проектите. Првите работи што ги направивме на почетокот беше еден итен состанок со сите изведувачи кои лежерно си ги работеа работните задачи кои треба да ги извршуваат врз основата на договорите коишто беа склучени од претходно“.

Владев во текот на своето гостување укажа дека за брз период по доаѓањето на чело на општина Свети Николе голем дел на проекти кои биле запоставени, тие ги реализирале.

Реклама

– Големи површини асфалт, канализации коишто беа заборавени и запоставени беа реализирани само за неколку месеци по нашето доаѓање на чело на општина Свети Николе. И оттогаш па натаму за тековната година, прво ги изработивме проектите за 2022, и ден денес веќе работиме проекти коишто ќе се реализираат за тековната наредна година, за да ја дочекаме спремни, за сите повици и за сите можности што посебно сега ги дава владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кажа Владев.

Владев се осврна и на приоритетите кои како општина ги реализирале каде ги напомена асфалтирањето на голем број улици, изработка на канализации и водовод како и на многуте спортски содржини.

– Пред сè нашиот ангажман е за асфалтирање на улици, рехабилитација на потрошени асфалтни подрачја во Свети Николе, изработка на канализации, водовод таму кај што нема и нормално голем дел од нашето внимание го посветивме на спортот така што изградивме многу спортски содржини, потенцираше Владев.

Градоначалникот Владев се осврна и на тоа што може да очекуваат граѓаните на општина Свети Николе до крајот на неговиот мандат и додаде:

„Асфалтиравме голем дел од улиците коишто и ветивме претходно и во градот и селата, но најинтересното и најдоброто допрва доаѓа. Треба да реализираме преку дваесетина проекти кои се завршени или се завршуваат во моментот. Еве ја завршивме во моментот улицата во село Горобинци, потоа треба да се завршат две улици во село Црнилиште. Во наредниот период треба да очекуваат многу проекти од инфраструктура, така и од спортот“.

Владев на крај заклучи дека финансиската состојба на општината во моментот е многу подобра и тоа се должи благодарение на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ која работи чесно, одговорно и се грижи како за буџетот на општина свети Николе како и за граѓаните на Свети Николе.