Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Владата со порака за Кочани: Ова е заедничка борба, ниту повредените, ниту семејствата на починатите не се сами

Трагедијата во Кочани во која животот во загубија 62 млади лица е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Трагедијата во Кочани во која животот во загубија 62 млади лица е од невидени размери. Како Влада истакнавме дека наша обврска покрај целосна истрага и расветлување на случајот, носење на сите инволвирани лица пред правдата, е и да обезбедиме соодветна здравствена заштита и медицинска помош на сите повредени и нивни семејства, порачуваат од Владата.

-До сега како Влада обезбедивме 30 милиони денари за транспортот и сместувањето на придружбата односно за членовите на семејствата на повредените пациенти. Но, нашата грижа не завршува тука, бидејќи Кочани е наш приоритет и никој не смее да биде заборавен. Дополнително отворивме телефонска линија која е во директна комуникација со претседателот на Владата, се наведува во нивното соопштение.

Повредените и нивните семејства можат да се јават на телефонскиот број 070/355-526 за да ги искажат своите барања, конкретни предлози и потреби кои ги имаат.

Реклама

-Понатаму, на владина седница ќе донесеме одлука со која одморалиштето Пониква кое располага со 27 соби и 56 легла се пренамени во центар за рехабилитација, во кој медицински кадар ќе може да работи како на психофизичката состојба така и на пружањето на медицинска нега за брзо закрепување на повредените граѓани. Ова е заедничка борба, ниту повредените, ниту семејствата на починатите млади лица не се сами. Како Влада ќе направиме се што е во наша надлежност да помогнеме и да се обидеме да ја намалиме болката. Носиме конкретни мерки кои се од интерес на граѓаните. Државата мора и се менува, велат од Владата.