Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Владата со години ги лаже штипјани дека ќе добијат нова болница

Се уште неизвестна судбината на новата болница во Штип. Засега нема ништо…

Сподели:

Се уште неизвестна судбината на новата болница во Штип. Засега нема ништо од најавата  дека овој месец ќе биде распишан нов тендер за изградба на објектот што се гради речиси осум години. Пртходниот министер за здравство  Фатмир Меџити ветуваше дека во февруари работите конечно ќе тргнат од мртва точка, за денеска од кабинетот на новиот министер Илир Демири да информираат накратко дека во најбрзо време ќе излезат со став во однос на болниците во Штип и Кичево.

   И додека се чека дали ќе се распише или не  тендер за доизградба, граѓаните скептични. Не веруваат дека ќе дојде денот кога  Штип и источниот регион  ќе добијат нова и модерна болница..

   „Тој споменик горе, којзнае дали ќе се изгради. Додека имаме вакви влади ќе биде вака, ќе немаме ништо. Празни ветувања се, но да видиме што ќе биде. Никогаш нема да се изгради. Јас живеам на дваесетина метри од болницата, жив човек не сум видел. Политичарите можат да ви кажат. Додека не се споат ВМРО и СДСМ, ништо нема да тргне во Македонија. Треба да се изграде и мислам дека Штип конечно треба да добие нова болница„ велат анкетираните граѓани.

Реклама

  Новата болница во Штип почна да се гради  во март 2016 година и  требаше да биде готова за две години. Но со смената на власта се сменија и роковите. Додека министер беше Венко Филипче, рокот се плолонгира и истата требаше да биде готова до септември 2019, за потоа неколку години подоцна претпоследниот министер Меџити  да даде нов датум, а тоа 2026. Досега е изградено само 40% од планираното.

Александра Ристевска