Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Економија

Владата размислува да ги одземе ингеренциите на Град Скопје за јавниот превоз

Одземање на ингеренциите на Град Скопје за ЈСП. Премиерот Христијан Мицкоски размислува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одземање на ингеренциите на Град Скопје за ЈСП. Премиерот Христијан Мицкоски размислува за оваа опција ако не се реши конечно проблемот со јавниот превоз во главниот град. Откако стана извесно дека пропаѓа и обновениот тендер за набавка на нафта што истече завчера, Владата разгелдува посериозни чекори. Последните количини на нафта ќе се истрошат утре или евентуално најдоцна до задутре, по што повторно не се знае со каква динамика ќе возат автобусите. Нема информации ниту пак, дека градоначалничката успеала да постигне договор за набавка на еуродизел со непосредна спогодба во 4 очи.

„Се бараше од Бирото за јавни набавки да се даде позитивно мислење, спогодба во 4 очи, односно непосредна спогодба, и тоа с еслучи. И тоа се овозможи. Останатото е сега до градот. Се разбира дека ние нема да седиме како влада и немо да набљудуваме. Но ајде да дадеме шанса да видиме денес, утре, да видиме да не има некаква набавка, да не се предомислат како оператори. Ако не, со позајмица ние како Влада мора да интервенираме“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Доколку Градот не склучи договор за набавка на гориво и во следниве денови со некој од операторите, Владата ќе мора повторно да реагира со позајмување на количини од нафтените резерви. Сепак, премиерот смета дека ваквата состојба е неодржлива и дека ако нема никаков напредок , ќе мора законски да се одземат надлежностите на градоначалничката во овој дел, за да не трпат граѓаните кои го користат редовно јавниот автобуски превоз во Скопје..

Реклама

„Се поставува прашањето, до кога вака? Навистина треба да се поведе многу повеќе сметка околу процесот на децентрализација, бидејќи ако некој не може тоа да го прави, тогаш да интервенираме законски барем да ги преземеме ингеренциите да ја стабилизираме состојбата “ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

На претходниот тендер имаше само еден пријавен понудувач, Пуцко Петрол, но поради некомплетна документација, тендерот беше поништен, по што автобусите останаа без нафта и речиси и да престанаа да возат неколку дена, пред државата да интервенира од стоковите резерви. Инаку, финансиската полиција се уште ја чешла документацијата за предходните два тендера за набавка на гориво. Исто така, директорот на ЈСП потврди дека сметката на претпријатието е блокирана поради долг кон фирмата добавувач на нафта.