Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Македонија

Владата отвора телефонска линија за потребите на повредените во Кочани

Нова телефонска линија за повредените во трагедијата во Кочани. На телефонскиот број…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нова телефонска линија за повредените во трагедијата во Кочани. На телефонскиот број 070 355 526, повредените и нивните семејства ќе можат во секое време, да ги упатат своите барања и потреби. Линијата ќе профункционира во понеделник, а со неа ќе управува Канцеларијата на претседателот на Владата. Целта е кога ќе се примат барањата, веднаш да се проследат до надлежните институции за нивно решавање во најкус можен рок.

Портпаролот на Владата Марија Митева вели дека оваа иницијатива е резултат на директната комуникација на терен на работната група за евалуација на состојбата на повредените. Таа вели дека поддршката не треба да биде еднократна, туку континуирана и ова Владата го прави за лицата кои се лекуваат во кочанската болница и за нивните семества, односно за сите кои се соочуваат со последици што бараат трпеливост, сила, но пред се системска поддршка.

За да не биде целата помош централизирана, Владата размислува и да отвори канцеларија во Кочани и да ги подобри условите во локалната болница, за повредените да не мораат за одредени лекарски интервенции да патуваат во Скопје, бидејќи не треба да се изложуваат директно на сонце. Во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16-ти март загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.