Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Економија

Владата ги преполови парите предвидени за кампањи и владини рекламирања во медиумите

Владата преку ноќ ги скрати за половина парите предвидени за кампањи и…

Сподели:

Владата преку ноќ ги скрати за половина парите предвидени за кампањи и владини рекламирања во медиумскиот етер. Соопштението Владата го објави рано утрово на својот сајт. Иако медиумите во време на пандемија се единствен начин каде партиите може да се рекламираат, сепак одлуката била едногласно донесена.

Од Владата кратењето на парите го правдаат со лошата ситуација со пандемијата и дека многу тешко се функционирало периодот. Конкретно не одговорија зошто имале потреба од кратење на парите, и тоа во пет до дванаесет, иако претседателот Стево Пендаровски одреди вонредната состојба само заради одложување на изборите.

Реклама

– Пандемијата во целост го смени начинот на живот во светот. Македонија се наоѓа во уште покомплицирана состојба од останатите земји, бидејќи е без функционален парламент, па се најдовме во ситуација кога техничката влада која требаше да ги организира изборите, ја водеше државата. Владата се наоѓа во тешка ситуација затоа се неопходни фер и демократски избори. Тоа што беше вчера донесено за де нема нејаснотии од ДИК, Владата ги додефинира одредбите. Зголемено е времето од 10 на 15 часа што е подобрување на финансиската состојба на медиумите.По оваа одлука ќе нема дилеми за тоа кој ќе може да закупи простор во медиумите, рече министерот без ресор задолжен за комуникации, Роберт Поповски.

Дали Владата ги скрати парите за да се спречи рекламирање на опозицијата, министерот за комуникации Поповски се правда дека било зголемено времето на рекламирање од 10 на 15 часа, повикувајќи се на членот 76-д од Изборниот законик.

Алфа го праша и шефот на државата дали ќе реагира откако владата ги преполови парите за медиумите, но од неговиот кабинет без конкретен одговор.

– Во однос на вашето прашање, ве информираме дека последната одлука за утврдување на постоење на вонредна состојба на територијата на целата држава во траење од осум дена е донесена по постигнатиот договор на политичките партии предвремените парламентарни избори да се одржат на 15 јули 2020 година. Вонредната состојба во времетраење од осум дена ќе овозможи непрекинато да се одвива изборниот процес. За сите Уредби со законска сила, претседателот нема обврска да ги потпишува Указите за нивно стапување во сила. Надлежен за оцена на нивната уставност и законитост е Уставниот суд. Еден од основните принципи за кои се залага претседателот Пендаровски се отчетно и транспарентно работење, велат од кабинетот на Претседателот.

Упатството за платено политичко рекламирање било едногласно усвоено и е истото од претседателските избори. Останува не одговорено прашањето дали власта сака да ги контролира медиумите, имајќи предвид дека кампањата сега ќе се води најмногу преку телевизиите?!

Борис Грујоски