Реклама

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Македонија

Влада: Телефонскиот број 070/355-526 е во функција, Пониква станува центар за рехабилитација за повредените

Од денес телефонската линија за сите повредени и нивните семејства во трагедијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од денес телефонската линија за сите повредени и нивните семејства во трагедијата во Кочани е во функција. Преку директна комуникација секој од повредените лица и семејствата ќе може да се јават, да ги искажат своите барања кои ги имаат, како и да понудат предлози и конкретни потреби.

Телефонскиот број 070/355-526 на кој ќе можат да се јават повредените и семејствата е јавно достапен, и е директна комуникација управувана од Канцеларијата на претседателот на Владата.

-Никој нема да биде заборавен. Наш приоритет е повредените од кочанската трагедија да добијат соодветна медицинска нега и целосна рехабилитација, за да можат да продолжат со животот понатаму. Токму поради тоа, на владина седница ќе се донесе одлука со која одморалиштето Пониква кое е во сопственост на Министерството за внатрешни работи ќе се отстапи за потребите на Министерството за здравство, односно за пациентите кои веќе се во стабилна состојба, но имаат потреба од понатамошен третман. Одморалиштето Пониква располага со 27 соби и 56 легла, а ќе биде обезбеден и дополнителен медицински кадар кој ќе пружи целосна медицинска нега на пациентите. Ова значи дека повредените лица на кои им е потребна дополнителна здравствена заштита ќе можат да ги користат овие услуги, велат од Владата.

Реклама

Од Влада порачуваат дека правдата доаѓа и ќе биде одговор за сите.

-Како Влада сме целосно посветени да обезбедиме здравствена заштита на повредените од трагедијата во Кочани. Дополнително, ги замолуваме политичките партии да се воздржат од некрофилија и да дозволат случајот целосно да го водат институциите. Напомнавме дека секој што е инволвиран во овој случај, мора и ќе одговара. Без разлика на неговиот статус во општеството или припадност на политичка партија. Правдата доаѓа и ќе биде одговор за сите. Државата е на патот на промените, посочуваат од владата.