Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Економија

Влада и банкарите на маса за унгарскиот заем – договорен рокот за исплата, за каматата ќе има нова средба

Се договорија за рочноста, а дополнително ќе разговараат за каматата на кредитите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се договорија за рочноста, а дополнително ќе разговараат за каматата на кредитите за бизнисот во висина од 250 милиони евра обезбедени со заемот од Унгарија. На првата средба, Владата и банкарите се согласија за помал рок за враќање на кредитите од 12 години и грејс период до најмногу 3 години. Ова беше барањето на банкарите затоа што средствата во кои се инвестира најчесто се амортизираат до најмногу 10 години, па во моментов тоа е и најдолгиот период на кој ги даваат кредитите.

За каматата дополнително ќе се преговара. Она што е сигурно е дека владата ќе ги плати оние 3,25% камата. За останатите банкарски трошоци, ќе падне договор на друг состанок. Мицкоски е оптимист дека ќе се најде соодветно решение и вели дека ставовите на Владата од една страна и на банкарите од друга почнуваат да се доближуваат.

Тие 3,25 проценти секако ние како Влада ќе ги платиме. Можеби за некоја година би издале еврообврзница со која предвреме би го вратиле овој креди, бидејќи знаеме дека немаме таму каматна стапка. Можеби ќе се одлучиме за некакви други механизми во зависност од интересот на државата. Целта е каматата којашто ќе ја понудат банките да биде што е можно пониска за да може стопанството да добие пониска камата. Сега реално има трошоци коишто ги имаат банките, но да видиме што може од тие трошоци да се намали, зависи тука и од полтиките на централната банка. Затоа велам да не зборуваме сè уште за проценти, да ги доближиме ставовите и тогаш ќе излезме официјално со позиција“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Реклама

Очекувањата на премиерот се дека фирмите ќе ги добијат кредитите со стапка од 3,25%, истата под која државата ќе го враќа заемот од Унгарија. Владата бара деловните банки да ја субвенционираат разликата од 3,25% камата до реалната висина на вкупните банкарски трошоци. Тој во неколку наврати претходно истакна дека банките имаат големи профити и дека треба да бидат општествено одговорни, односно да преземат дел од кредитниот ризик. Досега само една банка била подготвена да субвенционира дел од трошоците за каматата на кредитите. Инаку, сите банки биле заинтересирани да се вклучат во проектот за 250 милиони евра кредити за стопанството. Бизнисот, пак, со нетрпение ги очекува овие пари и се надева на што побрз договор меѓу владата и банкарите. Проектите за инвестициите биле готови, се чекало само на евтините кредити. Сметаат дека ако се реализираат овие нивни вложувања, тоа ќе го покрене економскиот раст на повеќе од просечните 1.8% изминатиов период.