Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Економија

Вкупниот промет во индустријата зголемен за 6 проценти во април на годишно ниво

Прометот во индустријата, вкупно, во април годинава во однос на април лани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прометот во индустријата, вкупно, во април годинава во однос на април лани е зголемен за 6 проценти. Податоците што ги објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС) покажуваат дека има раст од 8,2 проценти кај Производство на прехранбени производи, од 18,7 проценти кај Производство на електрична опрема и од 94,7 проценти кај Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

– Прометот во индустријата, вкупно, во април 2025 година во однос на април 2024 година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.0 проценти, Капитални производи за 11.6 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 5.3 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.5 проценти, објави ДЗС.

Во април годинава во однос на март годинава, вкупниот промет во индустријата, бележи пад од 7,9 проценти, додека во периодот јануари – април годинава во однос на истиот период лани има зголемување од 3,6 проценти.

Реклама

Според податоците на ДЗС, прометот во индустријата на домашниот пазар во април годинава во однос на април минатата година, е намален за1,7 отсто, а во периодот јануари – април 2025 година, во однос на истиот период од минатата година за 3,7 отсто. На странските пазарипрометот во индустријата во април годинава во однос на април минатата година, е зголемен за 7,2 отсто, а во првите четири месеци од годинава споредено со истиот период од минатата година за 4,8 проценти.