Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Економија

Вкупната каматна стапка за заемот пониска од 4,5 проценти

Вкупната каматна стапка за заемот од договорот со Обединетото Кралство ќе биде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вкупната каматна стапка за заемот од договорот со Обединетото Кралство ќе биде пониска од маргината 4,5 проценти, смета премиерот Христијан Мицкоски, појаснувајќи дека ние го користиме кредитниот рејтинг на Обединетот Кралство што е трипати А, најдоброто што во овој момент може да го добиеме како земја на пазарот.

Ова, како што нагласи Мицкоски, е она што може да го каже со сигурност од досега договорното, нагласувајќи дека финансиските услови се уште не се докрај договорени и дека се уште нема таков дијалог отворено со никого и кога ќе отворат тогаш ќе може да каже детали.

Прашан дали вкупната каматна стапка ќе биде во рамки на моменталните проекции за нашата држава се од 4,5 до 6,5 проценти, Мицкоски рече вкупната каматна стапка би била пониска од оваа долна маргина, нагласувајќи дека се уште немаат отворено таков дијалог со никого.

Реклама

-Договорот е за стратешко партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство и тој поминува во собраниска процедура. Во делот на финансиските аранжмани ние имаме преговори со финансиски институции од таа земја и имаме од прилика стурктура колку би била каматната стапка за тој еден заем и би кажал дека е подоле од долната маргина што ја кажавте – изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција за промоција на оперативниот план за вработување.

Но, нагласи Мицкоски, ние нема да одиме на директно потпишување договор со таа финансиска институција, туку Министерството за финансии откако ќе добие барање за проект ќе излезе на меѓународен пазар и ќе има конкурентен дијалог со 18-20 потенцијални кредито даватели, меѓу кои и европските банки.

-Оној што е подготвен да финансира вакви проекти, со одредена конкурентна каматна стапка ќе биде избран. Не можеме од сега да знаеме дали таа финансиска институција со која преговаравме ќе биде најконкурентна. Таа ќе биде избрана само под услов да е најконкурентна, затоа не е дел од договорот, затоа што таа процедура допрва ќе се случува. И тоа ќе биде транспарентно и нема да биде скриено, нема да се носи со европско знаме и нема да биде класифицирано. Зарем мислите дека јас сум тука да дозволам држава да направи фаул или пак граѓаните да бидат ограбени. Напротив, ние добивме доверба за да ја развиваме – изјави Мицкоски.

Финансиските услови се уште не се докрај договорени, нагласи Мицкоски, посочувајќи дека во случајот има петгодишен грејс период и првата фактура би доспеала 1 јануари 2027 година и од тогаш ќе стартува грејс перодот.

Прашан дали договорот предвидува соработка во безбедноста и што тоа подразбира, Мицкоски, рече дека пред две недели поминал на владина седница меморандум за разбирање меѓу Владат и британска компниаја која е подготена да инвестира во еден таков производен капацитет меѓу 250-300 милиони евра, што годишно би носело од извоз околу половина милијарда евра.

-Но, имаме договор, кога ќе биде сето тоа финализирано ќе застанеме повторно на прес и тоа ќе го кажеме – изјави Мицкоски.