Вистински лидерски пораки за обединување а не за делби. Еккспертската јавност со позитивни оценки за пораките на државно политичкиот врв од прославата на Илинден. Говорот на престедателката Сиљановска Давкова во Крушево и пораките од премиерот Мицкоски отсликуваат поинаков пристап за разлика од минатото кој ветува промени. Според политичкиот аналитичар Александар Ристевски пораките кои биле испратени за Илинден се позитивни, а она штио е важно е нивно претопување во пракса. Тој нема дилеми дека на државата и се потребни сериозни промени, пред се инвестирање во младиот квалитетен кадар, со цел напредок на Македонија и институциите.
-Сметам дека без оглед на политичката определба се тоа што вреди, има капацитет, квалитет, знаење и е додадена вредност, во еден куп пред се државни институции мора да се прибере, мора да се собере под свое и да се стави во фунцкија на државата, тука апсолутно целосно моја поддршка. Дефинитивно мораме да поработиме на санирањето и остранувањето на корупцијата и инстутицоналната корупција што ја имаме во државата, изјави Ристевски.
Сиљановска Давкова порача дека државата мора да се стреми кон членство во Евроспката Унија, но порачува дека ниту тие во моментов не се имуни на кризата со лидерството и демократскиот дефицит. Според неа Македонија треба да оди кон ЕУ, но без историска ревизија, туку според мерит системот, односно постигнувањата. Ристевски вели дека на овој начин претседателката упатила и силна порака до одредени европарламентарци, кои што се однесувале како да живеат во 19-от, а не 21-от век.
-Еден куп претставници токму на таа Европа живеат далбоко во минатото и дека дефинитивно Европа треба меѓудрогото и на себе да поработи. Целосна поддршка за она што го кажува дека пред се треба да поработиме на себе, но и да продолжиме со интеграциите. Македонец зборуваме етнички, но и национално единствено со своите браќа и сестри може да се обедини во обединета Европа, знаејќи дека нашите браќа и сестри кои живеат во пиринскиот и во егејскиот дел веќе се во Европската Унија, изјави Ристевски.
Дел од пораките кои што ги испрати политичкиот врв е дека македонските граѓани од својата република очекуваат слобода, правда, борба со ендемската корупција. Илинден нека не обедини и нека не потсeтува на жртвата која што генерациите ја оставиле, за денеска да имаме слободна и независна држава Македонија. Граѓаните, но особено инситуциите имаат одговорност да го продолжат патот започнат во Крушево и потврден со АСНОМ, со работа, чесност и грижа за иднината.
Сиљановска Давкова порача и дека мора да има слобода, не само политичка, туку и економонска, академска, културна, социјална. Потребни се сериозни реформи со цел спроведување на правда во државата, но и силна борба со корупцијата. Според неа никој не смее да остане недопирлив, поради што се потребни забрзани и длабоки реформи во правосудството.
Мицкоски потенцираше дека тие како Влада биле посветени да ја направат Македонија држава на можности, праведна, безбедна и просперитетна, со силни институции што ќе бидат на страната на граѓаните.
Според познавачите она што е позитивно во говорот на Сиљановска Давкова е што таа не зборуваше како лидер на партија, туку како лидер на држава, што е значаен политички сингал. Добро е што не биле правени поделби, немаше провокации, туку се повика на обедување на сите граѓани.
Матеја Петровски

