Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Винскиот туризам има голем потенцијал во државата, работилница во Кавадарци

Винскиот туризам има голем потенцијал во државата, беше кажано на денешната работилница…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Винскиот туризам има голем потенцијал во државата, беше кажано на денешната работилница во Кавадарци, во организација на Wine Berry и Здружението на македонски семејни винарии, здружение со седиште во овој град.

-Пред присутните претставници на фамилијарни винарници, во Винскиот музеј, се говореше за тоа како повеќе да се развие винскиот туризам кај нас, со цел земјава да биде посакувана винска дестинација и на винската мапа за винските и останатите туристи и љубители на природата и производите од грозје, рече Гоце Попов, извршен директор на здружението. 

Попов додаде дека пред претставниците на македонските семејни винарии, презентации одржаа вински експерти од Словенија, осврнувајќи се на тоа, како да се зголемат капацитетите, за развој на македонскиот вински туризам.